Откритија

Исчезнува најголемиот светски глечер?

21 мај, 12:03

Перу е дом на најголемите светски тропски глечери. Постоењето на овие глечери е од огромно значење за населението на Перу, бидејќи токму овие глечери му се најважниот извор на вода.

За жал, голем дел од Перуанските глечери кои се на помала надморска висина делумно или целосно исчезнале.

Она што загрижува е топењето и повлекувањето на Quelccaya Ice Cap, најголемиот светски глечер.

Quelccaya Ice Cap е вистинска ризница на податоци за најголемите природни феномени Ел Нињо и Ла Ниња – две променливи струи во тропскиот дел на Пацификот. Топлата и ладната струја предизвикуваат драстични климатски промени и токму Ел Нињо и Ла Ниња се причина за екстремните суши и поројните дождови во одредени делови од светот.

Намалувањето на глечерот значи и губење на драгоцените податоци за овие природни феномени, но и губење на драгоцената вода за жителите на Перу.

Истражувачите од Државниот универзитет во Охајо се загрижени поради брзината со која глечерот се повлекува.
Ако пред 6000 години глечерот се повлекуваше за 300 метри на секои 1 600 години, денес се повлекува за 300 метри на 25 години.

Ќе исчезне ли најголемиот светски глечер?

Научниците постојано предупредуваат на последиците од глобалното затоплување, но светот останува глув на нивните предупредувања. Човековата негрижа и прекумерната експлоатација на природата ќе значи суша, глад и сиромаштија за идните генерации.

Можеби еден ден човештвото ќе се разбуди и ќе преземе сериозни мерки за зачувување на Планетата Земја. Прашањето е дали тогаш ќе биде премногу доцна?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1347 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус