Откритија

Историско откритие за Канаѓаните – брод по кој трагале 170 години!

10 септември, 13:09

Во 1845 година два канадски истражувачки бродови тргнаа во потрага по скратен пат кој води до Азија. Бродовите Терор и Ербус никогаш не стигнаа до Азија, а нивната судбина долго време беше мистерија.

Цели 170 години Канаѓаните не заборавија на експедицијата која заврши трагично. Капетанот Френклин, екипажот и имињата на бродовите живееја преку приказните, песните и поемите, кои се пренесуваа од генерација на генерација.

Според историјата, бродовите исчезнале некаде во 1848 година, откако заглавиле во мразот, а се претпоставува дека дел од екипажот преживеал извесно време. Токму од тој период (1850) датираат и приказните на Инуитите во кои се раскажува за бели мажи кои гладувале.

Пред неколку дена беше пронајден еден од двата брода во водите на Арктикот, на околу 1 900 километри северозападно од Торонто.

Амундсен, антарктик, атлански океан, пацифик, тихи океан, Северозападен премин, potonat brod, ekspedicija, otkritie, severozapaden premin

Откритието ја возбуди и израдува јавноста во Канада, особено поради фактот што земјата долги години безуспешно се обидуваше да ги лоцира исчезнатите бродови, а интерес за историското откритие покажа и Кралицата Елизабета Втора.

По откривањето на еден од бродовите на Френклин, следен чекор се нуркачите кои треба да ја испитаат состојбата на остатоците и да ја пребараат внатрешноста.

Иако не се знае кој од двата брода е пронајден, експертите тврдат дека сите докази потврдуваат дека остатоците сигурно му припаѓаат на еден од бродовите на капетан Френклин.
Точната локација на потонатиот брод засега не се открива поради страв од ограбувачи.

Северозападниот премин (рута која ги поврзува Атлантикот и Пацификот) беше цел на многу истражувачи и морепловци низ историјата, почнувајќи уште од далечната 1497, и многу од експедициите кои тргнале во потрага по оваа рута завршиле трагично.
Во периодот од 1903 до 1906 година, истражувачот Роалд Амундсен за прв пат успешно помина по Северозападниот премин.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2969 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус