Откритија

Не ве засега загадувањето на планетата? Погледнете го ова!

03 јули, 11:00

Последниот извештај на НОАА (агенција која ја прати состојбата на океаните и атмосферата) е и повеќе од загрижувачки. 

Агенцијата подготви 3Д модел на Планета Земја кој го прикажува загадувањето на океаните.

Ако досега читавме и слушавме за штетата која постојано ѝ ја нанесуваме на природата, сега можеме јасно да ги видиме резултатите од нашето однесување.

Моделот го прикажува степенот на загаденост, од сино (најмал степен) па сè до црвено (најголем степен на загаденост).  За жал сината боја е најмалку застапена, за сметка на жолтата (средено ниво на загаденост) и портокаловата (високо ниво на загаденост).
Интересно е тоа што 80 % од загадувањето на океаните е предизвикано на копно, преку несовесното однесување на човекот.

Ако мислите дека не сте засегнати од загадувањето на океаните, се лажете. НОАА објави уште еден 3Д модел на Земјата кој покажува како ќе изгледа нашата планета без вода.

Погледнете до кој степен се загадени океаните и каква е иднината на нашата планета ако продолжиме со несовесното однесување.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1816 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус