Откритија

Нашиот мозок ги детектира граматичките грешки?

14 мај, 12:08

Во новата студија на Универзитетот Орегон конечно се пронајдоа докази дека кога станува збор за граматика нашиот мозок не е вклучен на автопилотска функција, туку имплицитните функции на мозокот помагаат правилно да ги разбереме граматички погрешните реченици.

Истражувањето се вршело на група од англиско говорно подрачје со годишна возраст од 18 до 30 години. Нивната мозочна активност се следела со ЕЕГ, а фокусот бил насочен на сигналот познат како потенцијал предизвикан од настан (ERP).

Еве како течело истражувањето. На групата им биле претставени 280 кратки реченици (граматички точни и неточни) збор по збор. Но, во одредено време од прикажувањето на речениците биле репродуцирани аудио тонови, а учесниците освен детектирањето на граматичките грешки имале и задача да ја одредат висината на репродуцираниот тон. 

Кога тоновите биле репродуцирани пред граматичката грешка, учесниците одговарале дека реченицата е исправна, иако не била. Но кога тоновите биле репродуцирани по граматичката грешка, учесниците успеале точно да одговорат на 89 проценти од граматичките грешки.
Но, следењето на мозочната активност покажала дека и во двата случаи, иако субјектот не е свесен за грешката, во мозокот се генерира рана негативна реакција на ERP. Ова значи дека во мозокот постои механизам што ни помага правилно да ги разбереме граматички погрешните реченици.

Затоа, драги мои, доколку учите втор јазик не преоптеретувајте се со граматика, најпрво дозволете му на вашиот мозок да ја присвои граматиката, а потоа можете да се „сетите“ на неа преку нејзиното усовршување. 


автор: Obednikovska Mirjana

Оваа вест е прочитана 2062 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус