Откритија
Најубавите плажи во светот полека исчезнуваат!
Глобалното затоплување и брзиот пораст на морското ниво сериозно им се закануваат на некои од најубавите плажи во светот, предвидува Ендру Купер, експерт за крајбрежја и професор на универзитетот Алстер во Ирска.
Професорот Купер долго време го проучува влијанието на морското ниво врз крајбрежјата, а неговите истражувања покажуваат дека досегашната заштита на плажите со додавање песок повеќе не може да се носи со големиот и брз пораст на морското ниво.
Не би помогнало ни подигнувањето на заштитни бетонски ѕидови, ни огромни количини песок кои евентуално би се носеле на плажите.
Според професорот Купер, штетата е веќе направена, а човековата негрижа и ненавременото размислување за заштита на крајбрежјата уште повеќе допринесоа за почетокот на крајот на некои од најубавите одморалишта ширум светот.
Ова се дел од прекрасните плажи кои водат битка со порастот на морското ниво.
Канкун, Мексико
Дубаи
Кан, Франција
Вирџинија
Поврзани вести:
Додади коментар