Откритија

Порака во шише стара 76 години го најде патот до дома

22 јануари, 14:34

Брановите во Нов Зеланд исфрлија порака во шише стара цели 76 години.

Пораката ја пронашол Џеф Флод кој случајно се шетал по плажата.

Додека ја читал пораката: „На море. Се моли оној кој ќе ја најде оваа порака да ја прати на наведената адреса ”, Џеф одлучил да ги пронајде луѓето за кои била наменета.

 

Пораката била пратена од Х. Хилбрик, кој шишето го фрлил од брод со кој патувал, а починал неколку години по праќањето на пораката. По 76 години, пораката конечно стигна до неговиот внук Питер Холбрик, кој живее во Перт, Австралија.

Пораката во шише има големо значење за Питер кој никогаш не го запознал својот дедо, таа е чудесен дар од морето по кое некогаш пловеле неговите предци.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2207 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус