Откритија

Волшебен танц на ѕвездените парови

27 јули, 15:00

Астрономите во The Very Large Telescope на Јужно Европската опсерваторија во Чиле, испитувајќи ги масовните О-тип на ѕвезди дојдоа до ново сознание за ѕвездените бинарни системи.

О-тип на ѕвезди се сини џинови со голема маса која може да биде и 15 пати поголема од нашето сонце и имаат висока температура на површината. Иако имаат бурен и краток живот играат голема улога во хемиската еволуција на галаксиите. Дека О-тип ѕвездите имаат придружни ѕвезди со кои формираат бинарни системи (двете ѕвезди орбитираат една околу друга) е веќе познато. Но, она што изненадува, освен бројот на вакви ѕвездени парови, е што при набљудувањето на 71–на О-тип ѕвезда е откриено дека повеќе од 70% имаат придружни ѕвезди, а нивната  оддалеченост е доста мала, поради што интеракцијата што ја имаат е доста бурна.

За време на „танцот“ на бинарните партнери, масивни ѕвезди посветли од сонцето дури и до милион пати, ротираат за околу илјада пати побрзо. Како што ѕвездите орбитираат полека почнуваат да се шират. Прво започнува да се шири посветлата ѕвезда сè додека на надворешниот слој не почне сè повеќе да влијае гравитационата сила на придружната ѕвезда, поради што добива форма на солза. Тогаш придружната ѕвезда почнува да ја презема материјата од првата ѕвезда. Поради ова, придружната ѕвезда се нарекува „вампир“ ѕвезда, а првата „жртва“. Кога „жртвата“ ќе го изгуби целиот хидроген почнува да се намалува. Во овој момент „вампир“ ѕвездата ротира многу брзо и има овална форма. Вжештената компактна ѕвезда продолжува да соединува сè потешки и потешки елементи во нејзиниот центар се додека не експлодира како супернова. За време на експлозијата настанува неутронска ѕвезда кој најверојатно успева да излезе од влијанието на „вампир“ ѕвездата. „Вампир“ ѕвездата останува, таа само се зголемува и станува црвен суперџин со радиус неколку пати поголем од орбитата на Земјата околу Сонцето. Исто така, втората ѕвезда станува супернова. 

Ова неминовно ќе има влијание врз сфаќањето на еволуцијата на галаксиите, иако астрономите со ова потврдуваат дека тврдењето за осаменоста на овие масивни ѕвезди може да доведе само до погрешни заклучоци.

 

Извор:  ESO/José Francisco (josefrancisco.org)


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1408 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус