Палачинки од интегрално брашно со ореви, банани и чоколадо

05 мај, 11:56

Палачинките секогаш можат да бидат убава слатка делиција за нашите сетила. Можеме во нив да уживаме за појадок, за ужинка или како прекрасен десерт после некоја лесна вечера. Не размислувајте секогаш дали треба да се јаде или кога, со оваа или онаа комбинација, па колку калории има ... Едноставно уживајте во нејзиниот сладок раскош. Можете да ја направите во онаа здрава нутритивна варијанта што ќе ви овозможи уживањето да биде целосно....


ПАЛАЧИНКИ ОД  ИНТЕГРАЛНО БРАШНО СО ОРЕВИ, БАНАНИ  И ЧОКОЛАДО
2 палачинки од интегрално брашно
2 помали банани, излупени и тенко исечени
2 прстофати сол
2 супени лажици цимет
2 супени лажици мелени ореви
1 ½ супени лажици мед
2 супени лажици путер од кикирики
60-100 гр. црно чоколадо

Во поголем сад се мешаат бананите, циметот, оревите и медот. Палачинките се мачкаат со путерот од кикирики и над него се распоредува по половина за секоја палачинка од смесата со бананите. Палачинките се виткаат и се прелеваат со растопено чоколадо. Може да се додаде и една рака друго овошје како што се бобинките.

ИНТЕГРАЛНИ ПАЛАЧИНКИ     
2 шолји интегрално брашно
1 шолја кисела вода 
½ кафена лажичка сол
2 - 3 супени лажици маслиново масло
1 јајце ( не е задолжително )

Се замесува каша која треба да биде средно густа, ако треба се додава вода. Таа каша се остава да отстои 40 - 50 мин.
Се пржат на загреана тава со сосема малку масло. 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 9175 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус