Здравје, Здрави навики

Паштети, салами и виршли - можни причинители на рак!

29 јуни, 17:06

Доколку сте големи љубители на месо и месни производи, ќе бидете разочарани после информациите кои ќе ги добиете од оваа статија.

Напишана е со цел да се подигни свеста за зачувување на здравјето на секој поединец и се надевам дека така и ќе биде разбрана и сфатена.

Неодамнешни истражувања за ракот кои ги спроведе WCRF (The World Cancer Research Found) за тоа како настанува и кои се причините кои доведуваат до појава на оваа непосакувана болест, дојдоа до сознание кое веќе и научно и медицински е докажано, дека сите видови на преработено црвено месо се можни причинители за појава на оваа болест.

Во оваа група на преработени месни производи спаѓаат виршлите, паштетите, сите видови на салами и сѐ она што се добива со преработка на црвено месо.

Главната причина која е наведена дека овие производи во голем процент можат да доведат до заболување од оваа болест е натриум нитратот, кој самите производители го ставаат во составот на производите, со цел да подолго време да се задржи бојата на производот, со што на купувачите би им изгледал како цело време да е свеж, иако е стоен веќе подолго време.
Ваквиот внесен хемиски состав во организмот го зголемува развојот на канцерогените ќелии и во голема мера придонесува појава на рак.

Во иднина избегнувајте да консумирате сѐ што е преработено од црвено месо. 

Од вашето мени исфрлете ги виршлите, паштетите и саламите и на нивно место консумирајте колку што можете повеќе зеленчук и овошје.

Само на таков начин и со таква исхрана ќе можете да се грижите за вашето здравје и да бидете здрави.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3447 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус