Позитива, Мисли

Патот кон срцето

29 октомври, 06:29

„Еден ден Господ се заморил од луѓето. Постојано му додевале барајќи сѐ и сешто. Затоа, Тој решил некое време да се сокрие.
Ги собрал сите свои советници ангели и ги запрашал: „Каде да се сокријам? Кое е најдоброто место?”
Еден од советниците му одговорил: „На врвот од највисоката планина на светот”, а друг: „На дното од океанот, таму никој не може да те најде”, трет: „Најдобро е да се сокриеш во темната страна од Месечината, тоа е најдоброто место, кој таму би те нашол?”
На крајот Господ се обратил на својот најпаметен ангел со истото прашање: „Каде да се сокријам?”
Ангелот се насмевнал и му одговорил: „Сокриј се во човечкото срце. Изгледа тоа е местото во кое никогаш не проверуваат”.


Патот кој води до срцето, кај секој човек е многу едноставен и лесен. Треба само да се има желба и да се сака да се стигне до внатрешноста на душата, до битието, до изворот на среќата и до изворот на животот.
Следете го тој пат, бидете упорни и истрајни и дозволете им на среќата и на радоста да бидат вашите животни сопатници.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2138 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус