Мој предлог, Книга

„Патот на љубовта” - Антони Де Мело

15 ноември, 14:12

„Патот на љубовта” е животна филозофија на Антони Де Мело. 
Книгата е патоказ која води кон будењето на духот и кон новиот живот, за на крај да можеме да гледаме јасно со поглед што не е замаглен со страв и со желба и храбро да можеме да живееме сега и овде преживувајќи го секој нов миг со свежина на дете.

Основната тема на оваа книга напишана од еден од најдуховните учители Антони Де Мело е љубовта и препреките кои стојат на патот на љубовта: нашите врски, желби, предрасуди, илузии ... како и советите дадени за тоа како да се ослободиме од сите тие стеги, за конечно да можеме да научиме правилно да гледаме и да сакаме.

Духовниот водич преку совршено оформените реченици од кои секој збор зрачи со мудрост, на секој можен начин ја објаснува љубовта. 
Тој посочува дека љубовта не ги опфаќа само нашите доживувања, чувства и емоции кои ги имаме кон одредена личност, туку и доживувањата, чувствата и емоциите кои ги имаме кон целиот свет - жив или не жив кој не опкружува во нашето секојдневие. Тука тој зборува за тревките, цвеќињата, дрвата, тревата и секако за луѓето.

Срцето на човекот кој со љубов гледа на нештата околу него се претвора во волшебна ламба која ја истребува темнината од душата не само на другите луѓе, туку и на целото човештво. 
Светлоста која зрачи од душата на таквите луѓе не води кон вистинскиот пат на љубовта и духовноста.

Трагањето по духовноста е како патување во место. Не носи не места на кои веќе сме и на кои отсекогаш сме биле. Тоа е пат од незнаењето до спознавањето бидејќи сѐ се сведува на тоа да за прв пат го видиме она кое отсекогаш сме го гледале.

На крај Антони Де Мело ќе рече: „Љубовта не е однос. Таа е состојба на битието. Љубовта никогаш не резултира во болка. Таа не познава болка туку само радост и длабок внатрешен мир.” и не прашува нас читателите дали се наоѓаме во љубовен занес?

Прочитајте ја оваа извонредна книга и откријте ја вистинската страна на љубовта, на безусловната љубов, на онаа чиста исконска и од Бога дадена љубов ...


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3377 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

5 Јули

5 Јули

Во 1989 година е роден Шон О`Прај, американски машки модел роден во Грузија.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус