Здравје, Природни лекови

Пченка – златни зрнца лек и здравје

31 јули, 06:19

Иако навидум е сосема обична храна, пченката е особено лековита и во своите мали, златни зрнца крие лек за многу заболувања.

Богата е со растителни влакна, многу витамини и минерали, фолна киселина и други многу корисни состојки за организмот.

 

 

Благодарение на нејзиниот состав, пченката е одличен лек и превенција за следните заболувања:

Ги штити очите, го намалува ризикот од катаракта и од хронични болести на очите.

Го намалува холестеролот, ги штити крвните садови и ја подобрува функцијата на мозокот.

Делува како антиоксиданс, со што значително го намалува ризикот од повеќе видови на рак, особено од рак на плуќата.

Ја поттикнува правилната работа на нервниот систем, мускулите и срцето.

Го забавува губењето на коскената маса, со што помага да се намали ризикот од реума и артритис кај постарите лица.


Покрај лековитите својства, пченката се истакнува со својата ниска калорична вредност. Дава чувство на ситост, па со внесување на малку калории нема да чувствувате глад, а ќе ја регулирате телесната тежина.

За оние кои постојано нешто грицкаат, тука се домашно подготвените пуканки кои содржат 5 пати помалку калории од чипсот, многу се здрави и го апсорбираат вишокот на желудечна киселина, па лицата кои имаат проблем со чести киселини во желудникот лек може да најдат токму во пуканките.

Толку многу причини зошто да посегнете по златните зрнца здравје.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4882 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус