Печени пилешки прсти

31 март, 00:02

За да го подготвите нашиот денешен предлог рецепт потребно ви е пилешко месо, поточно пилешки гради.
 
Добро познатите пилешки прсти кои се подготвуваат и ги има во менијата во скоро сите ресторани и пицерии сега ќе можете да ги подготвите и дома. 
Воопшто не се тешки за подготовка, не одземаат многу време, а се супер вкусни и истовремено здрави, бидејќи не е потребно да се пржат во масло како што вообичаено се подготвуваат, туку треба да се печат во рерна.

Пилешките прсти се одлична и вкусна закуска, можете да си ги подготвите за вас како оброк, а може да се подготват и како прилог кога имате гости.
Без разлика кој ќе биде поводот, важно е да ги подготвите, да ги вкусите и да уживате во нивниот едноставен и префинет вкус.
 
Одлично одговараат со чаша пиво или вино, но со што ќе ги консумирате оставаме на вас!

Подгответе ги уште денес и имајте пријатен апетит!

Состојки:
1 кг. пилешки гради 
200 гр. лебни трошки
200 гр. сусам

Состојки за маринада:
2 лажици мајонез
½ лажица црвена пипер
½ лажица оригано
1 лажица сенф
200 мл. павлака

сол
црн бибер

Подготовка:
Во поголем длабок сад се подготвува маринадата од наведените состојки.
Пилешките гради се сечкаат на долги ленти со дебелина од 1 см. и се ставаат да стојат во маринадата 5 часа за убаво да ги впијат состојките. 
Маринадата повремено се меша.
После 5 часа лентите пилешко месо се прпелкаат во лебните трошки, па во сусамот и се редат во плех обложен со хартија за печење. 
Се печат во рерна на 180°Ц додека да поруменат.

Во зависност од тоа колкава количина сакате да подготвите сразмерно зголемете ги или намалете ги состојките за маринада и количината на месо. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 27130 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус