Пилатес и јога

Христијанска медитација

31 јануари, 00:03

Некои христијани ги интегрираат јогата и другите аспекти од источната духовност со христијанската молитва и медитација. Тоа се должи на желбата да се доживее Бог во поцелосен начин.

Римокатоличката црква и други христијански организации изразија загриженост и негодување во поглед на некои источни и нови практики кои вклучуваат јога и медитација.

Во 1989 и 2003 година, Ватикан издал два документи: „Аспекти на христијанската медитација” и „Одразот на еден христијанин кон Новата ера”, што во најголем дел биле критики за источните и новите практики.

Во 2003 бил објавен документ, како прирачник од деведесет страни, со детали за позицијата на Ватикан по тоа прашање. Ватикан предупредил дека концентрацијата на физичкиот аспект на медитација  „може да се деформира во култ кон телото”. Ваква загриженост може да се забележи од почетокот нa христијанството, кога црквата се противела на верувањето дека спасот не доаѓа преку верата, туку преку внатрешно мистично знаење. Во писмото, исто така стои дека „човек може да види дали и како може да биде збогатен со методите на медитација во други религии и култури”, но ја задржува идејата дека „мора да постои некаков вид на борба помеѓу природата на молителот и христијанското верување за крајната реалност”.

Некои фундаменталистички христијански организации практикувањето на јогата го сметаат за несогласно со нивната религиозна позадина и според тоа, за не-христијанска практика. Исто така, се смета како дел од новото движење, а според тоа, е неспоиво со христијанството.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4064 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус