Пилатес и јога

Јогата помага во борбата против целулитот!

03 април, 00:03

За добро здравје и убаво тело вежбајте јога.
Јогата е техника која помага не само за да се добие внатрешен духовен мир и да се постигне рамнотежа помеѓу телото и умот, туку таа исто така помага за обликување на телото и мускулите, за добивање идеална телесна тежина и најважно од сѐ за отстранување на наслагите од целулит.

Многу луѓе мислат дека спорите и нежни движеа кои се прават за време на изведувањето на вежбите на јога не се доволни за да се постигне посакуваната тежина и изглед, но тоа не е така. 
За време на вежбите не се чувствуваат ефектите, но со редовно вежбање, после одреден период ќе бидеме сведоци на добро оформено тело. 

Но не се само вежбите тие кои го оформуваат телото туку и дишењето, правилното јогиско дишење, а тоа е потребно за комплетно да се заврши целата работа како што треба. 

Со правилно изведување на вежбите и со правилно дишење се подобрува работата на целокупниот лимфен систем во телото а со тоа се стимулира и циркулацијата на крвта. 

Целулитот знаеме дека настанува како резултат на задржување на течности во телото, слабиот проток на лимфата како и слабата циркулација на крвта, па затоа и местата кои се опфатени со целулит често се ладни и имаат непријатен изглед. 

Но сега веќе знаеме дека со помош на јога вежбањето во комбинација со правилното дишење, целулитот ќе стане ваше минато, вие ќе имате подобар физички изглед, ќе бидете посамоуверени и полни со самодоверба.

Секако треба да се спомне и важноста на водата која треба да се пие во колку што е можно поголеми количини за ефектите да се постигнат за многу пократко време, бидејќи токму водата помага за исфрлање на отровите од организмот кои преку вежбите и дишењето ќе се разградат во отпадни материи.

Ништо не е комплицирано, туку напротив е многу лесно, разбирливо и едноставно. Сѐ што треба да направите за да имате убаво тело без целулит, но и за да бидете посмирени, да бидете повеќе сконцентрирани и да имате поголема ментална свест е да се запишете на јога, да бидете редовни со часовите, да пиете вода и секако да внимавате каква храна и во колкава количина внесувате во организмот и се разбира со сите ваши сетила не штедејќи се ниту во една секунда да уживате во секој ден од животот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2048 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус