Пилатес и јога

Како од напнатост да стигнете до олабавеност

11 јануари, 10:39

Олабавеноста на телото и умот е состојба што можеме да ја постигнеме ако следиме одредена практична обука. Таа се постигнува со вежбање.
Тоа е едно од големите откритија на јогините од минатото.

Јогата и практикувањето на релаксацијата се можност секој човек како индивидуа да направи нешто навистина корисно за себе, нешто што зависи од самиот него.

 

Од стабилизираната психофизичка олабавеност започнува сé. Таа е основата за подобро здравје, основен и неопходен предуслов на патот на самозапознавањето  и самореализирањето во јогата, за здрав и продуктивен начин на живеење, за правилно согледување на животните ситуации, за нивно прифаќање и соодветно решавање.

Општо е познато дека кога сме смирени поголема е веројатноста да донесеме адекватни одлуки и решенија отколку кога сме напнати и нервозни.

Како да ја препознаваме и усовршуваме олабавеноста? Од каде да почнеме?

Од практична гледна точка, најдобро е да се почне од онаму од каде што е наједноставно, од своето тело, од своите мускули, нерви, зглобови.
Најлесно се намалува и отстранува физичката напнатост, односно најлесно се постигнува физичката олабавеност.

Но бидејќи во јогата ништо не се прави еднострано, само физички, само ментално или емотивно, постепеното релаксирање на едно ниво влијае успешно да се релаксира и друго ниво.
Не можеме да ги олабавиме мускулите ако истовремено не се олабават деловите од мозокот и умот кои ги контролираат мускулите, нервите и другите делови од телото.

Олабавеноста како принцип и состојба е основен елемент во сите јогиски системи. Тоа е основната состојба што практикантот треба да ја постигне и да ја стабилизира пред да продолжи понатаму да се усовршува во јогата.

Практикувањето јога има многу придобивки. Ќе имате посмирен ум, ќе бидете олабавени и релаксирани, лесно ќе можете да се концентрирате на работите околу вас, верувајте ни, благодатите се безбројни ...
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2770 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус