Пилатес и јога

Медитација за концентрација или концентрација за медитација?

01 октомври, 06:47

 

 

 

 

 

 

Кога ќе се спомене подобрување на концентрацијата, првото нешто што најчесто ни паѓа на памет се јогата и медитацијата како нејзин неизоставен дел.

Сме слушнале безброј пати дека медитацијата помага во смирувањето на умот и дека ја подобрува концентрацијата.

Дали е тоа навистина така?

Се разбира дека е.

Но ако е медитацијата толку корисна, тогаш зошто многу малку луѓе медитираат?

Затоа што за да медитираме е потребно да имаме добра концентрација, а тоа претставува проблем кај повеќето луѓе.

За да ја подобриме концентрацијата треба да медитираме, а за да медитираме ни треба доволно добра концентрација?!?

Тогаш каде е излезот од овој магичен круг?

Одговорот е многу едноставен и веќе се насетува од фактот што концентрацијата е 6-от, а медитацијата е 7-от член на раџа (или 8 члената) јога.Тоа значи дека концентрацијата и претходи на медитацијата. Уште повеќе, медитацијата се дефинира како продолжена т.е. непрекината концентрација.

Ова сознание делумно ни објаснува зошто повеќето луѓе не успеваат во обидите да медитираат.
Причината е што не знаејќи скокаат едно скалило и неспремни преминуваат на следното.

Но како да ја подобриме концентрацијата?

Во еден претходен напис  ви дадовме доста корисни совети кои создаваат поволни услови за полесно да се сконцентрираме.
Сепак, подобрување на концентрацијата значи да можеме да се концентрираме и кога околните услови не ни одат во прилог.

Бидејќи концентрацијата е способност на умот, за да ја подобриме треба прво да разбереме како тој функционира. 
За жал таа дискусија е приказна сама за себе и ќе мораме да ја оставиме за некоја следна прилика.

Бидејќи засега не знаеме како директно да работиме со нашиот ум, она што ни останува е да се обидеме да влијаеме врз него преку нашето тело. 
Тоа повторно нè враќа на јогата, но не на било која туку на хата јогата која се практикува преку физички вежби или асани. 
Асаните се попратени со соодветно дишење и со насочување на вниманието на активните делови од телото. На овој начин го тренираме нашиот ум да биде насочен таму каде што ние сакаме и тоа ја подобрува нашата концентрација.

Значи драги мои, барем засега заборавете на медитацијата и запишете се на курс по јога. Тоа е најсигурниот начин да ја подобрите вашата концентрација и да бидете чекор поблиску до денот кога ќе бидете спремни за медитација.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3113 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус