Пилатес и јога

Почнете да вежбате јога

12 декември, 00:12

Како древна индиска дисциплина која е стара повеќе од 4500 години, јогата се практикува сè повеќе и повеќе. Смирувајќи ги телото и умот преку физички вежби и вежби за концентрација и медитација, јогата станува секојдневие на оние кои сакаат да се опуштат и да се релаксираат.

Станува сè попопуларна бидејќи можат да ја практикуваат луѓе од најразлична возраст, независно од нивната физичка кондиција и тежина, т.е. секој поединец вежба онолку колку што му дозволува неговото тело. 
 

Јогата не е натпреварувачки спорт.
За разлика од фитнесот, јога вежбите се изведуваат многу бавно и без нагли и брзи движења, но со нагласување на правилните техники на дишење, па повредите се скоро и исклучени, а степенот на напрегање зависи од можностите на практикантот. Во секој случај, резултатите кај јогистите не изостануваат.


Причина плус за луѓето сè повеќе да вежбаат јога се познатите личности кои не кријат дека се јога зависници. Најпознати практиканти на јога помеѓу нив се: Мадона, Анџелина Џоли, Деми Мур, Џулија Робертс, Мег Рајан, Џенифер Анистон и многу други кои зборуваат за благодатите кои ги добиле откако почнале да практикуваат јога.
Треба да се спомне дека Платон, Никола Тесла и Алберт Ајнштајн редовно практикувале јога. 


Постојат многубројни докажани медицински истражувања кои зборуваат за позитивното дејство на јогата врз организмот на човекот. Намалување на високиот крвен притисок, намалување на шеќерот во крвта, намалување на телесната тежина... Тоа се само дел од позитивните дејства на јогата. Верувајте, ги има многу повеќе.

Искусните практиканти кажуваат дека јогата е веќе дел од нивниот живот. Со повеќегодишното практикување стекнале навика без која не можат да го замислат понатамошниот живот. Јогата ги исполнува и нивниот ум и нивното тело, тие едноставно се релаксираат и уживаат.

Доколку сè уште не сте почнале да практикувате јога, запрашајте се дали сега не е вистинското време за тоа да го направите.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2784 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус