Пилатес и јога

Со медитација до подобар имунитет

30 јуни, 07:14

Голем број на болести настануваат како резултат на осаменост.

Понекогаш и медицински здравите луѓе ненадејно заболуваат од некои сериозни болести затоа што поголем дел од нивниот живот биле осамени, или се чувствувале осамени.

Докторите во сите клиники советуваат да се престане со пушење затоа што од него се добиваат болести, а никој не кажува и никој од нив нe објаснува како луѓето да се справат со осаменоста и што е препорачливо да се прави кога некој се чувствува осамен?

Една од причините за појава на Алцхајмеровата болест кај повозрасните луѓе е токму осаменоста.

Научници од универзитетот Carnegie Mellon, открија дека со помош на техниките за медитација во голема мера се намалуваат чувствата на осаменост и изолираност, кои најмногу се појавуваат кај повозрасните личности.

Со помош на медитација се зголемува способноста на умот за да може да се бори со сите видови на болести. 

Исто така истражувањето покажало дека медитацијата во голема мера ги намалува воспаленијата кои настануваат во телото како резултат на надворешни влијанија. 

Со правилна и редовна медитација може да се спречи настанување на разни видови на кардиоваскуларни болести, рак, Алцхајмерова болест и секакви нeуродегенеративни болести.

Доколку немате искуство со медитација и јога, а сакате да поработите на зачувување на вашето здравје, ви објаснуваме една елементарна техника или вежба за медитација, која доколку редовно и правилно се практикува, покрај тоа што ќе ви овозможи здрав живот, истовремено ќе ве релаксира и опушти секој пат кога ќе ја практикувате. После нејзината изведба ќе бидете релаксирани, позитивни и полни со енергија.

Седнете удобно во положба која вас најмногу ви одговара. Затворете ги очите и вниманието од надворешниот свет завртете го кон вас, кон вашата внатрешност. Цело време додека ја изведувате вежбата за медитација бидете свесни за своето тело и за положбата во која сте седнати. Почнете со мислите да поминувате по целото тело, од нозете, половината, грбот и рацете, па сѐ до главата. Посветете внимание и на мислите кои во моментот ќе се појават во вашата глава и на чувствата кои ќе почнат да ве обземаат. Потоа од телото, вниманието свесно насочете го кон дишењето. Следете го секое вдишување и издишување и пробајте да го смирите дишењето кое треба да биде бавно и рамномерно. Свесно правете го тоа. Кога ќе го забавите дишењето, вниманието насочете го повторно кон телото, овој пат поминете со мислите од главата, па низ рацете, грбот, половината и нозете. Кога ќе бидете спремни отворете ги очите и вратете го вниманието на надворешниот свет.


Оваа едноставна и многу лесна техника почнете да ја практикувате секојдневно, нека стане ваша навика и еден вид на обврска која во текот на денот треба да ја направите.
На почетокот ќе ви биде тешко да ги насочувате мислите на одреден дел од телото, но со редовно вежбање, за многу кратко време ќе го надминете тој проблем.

Кој не би сакал да има добро здравје? Кој не сака да биде заштитен од разни болести и воспаленија? Сигурна сум дека не постои таков човек и сигурна сум дека сите сакаме да бидеме здрави. Ако е така, сега го знаете патот кој ќе ве одведи до сигурно здравје. Треба само да го одредите денот и да почнете со медитација.


​Среќно!  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2485 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус