Пилатес и јога

Што е фитнес?

24 март, 04:49

Постојат многу причини зошто се одлучуваме да вежбаме. Некои од нас сакаат да изгубат килограми, некои сакаат да го намалат стресот или едноставно да ја одржат кондицијата. Сепак, и покрај сите информации за диети, видови на вежби и сл., што може да се најдат на Интернет и телевизиите, од суштинско значење за сè што започнуваме е познавање на основата на таа област. 

Поради тоа, доколку се одлучите за фитнес вежби би било корисно најнапред да се запознаете со значењето на овој термин.

Кога ќе се спомне терминот фитнес првата асоцијација која ја имаме е теретана и подигање тежина, како форма на тренинг и е тесно поврзано со бодибилдингот, но ова е само дел од значењето на фитнес вежбите. Терминот фитнес најнапред се однесува на целосната состојба на човековиот организам, т.е. подразбира благосостојба на организмот како резултат на вежби и исхрана.

Низ историјата на фитнесот доаѓа до развој на повеќе видови фитнес вежби, така што, имаме 4 главни групи, и тоа:

  • Аеробна  издржливост
  • Анаеробна издржливост
  • Мускулна сила
  • Мускулна издржливост

Затоа, важно е да одредиме зошто сакаме да вежбаме и според тоа да избереме програма (начин на исхрана и вид на фитнес вежби) што ќе соодветствува на нашите потреби и на нашиот организам. Мотивацијата за вежбање секогаш треба да биде подобрување на целосната благосостојба на организмот.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6080 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус