Пилатес и јога

Видови јога 1 дел

20 јуни, 00:48

Постојат повеќе видови на јога.

Секој човек кој сака да практикува јога, денес има многу голем избор. Без разлика за кој вид ќе се одлучи, важно е да знае дека нема да погреши.

Сите видови на јога имаат една заедничка цел, а тоа е да го скротат нашиот ум, да го смират нашиот внатрешен немир и да помогнат да се постигне една хармонична усогласеност на умот и телото. 

 

Раџа јога - овој вид на јога Патанџали го опишал како бескомпромисен морален пат кој се постигнува со вежбање на разни видови положби на телото (асани), учење на правилно дишење, концентрација и медитација, а нејзината крајна цел е постигнување на конечно ослободување. 

Хата јога - директно произлегува од Раџа јогата, таа е всушност нејзин составен дел. Името е добиено од двата збора „Ха” што значи сонце и „Та” што значи месечина и укажува на балансот кој треба да се прави помеѓу симапатичниот и парасимпатичниот нервен систем, односно на балансот помеѓу движењето и мирувањето. Акцентот е ставен на телесните вежби (асаните) и јога дишењето (пранајама). Хата јогата е најраспространетиот вид јога на светот.

Ајенгар јога - произлегува од Хата јогата и главна нејзина одлика е тоа што при нејзиното практикување се користат разни помагала (каиши, блокови, ќебиња) со помош на кои на почетниците, болните или старите им се овозможува полесно изведување на телесните вежби (асани), сe додека не стекнат доволно сила за да можат да ги изведуваат без помагала. Овој вид на јога ја основал Ајангар, кој и ден денес сe уште ја практикува, иако е на 92 годишна возраст.

Џнана јога е јога на „знаењето”. Со нејзина помош се разликува вистината од невистината и се обидува да се достигне целта на постоењето.

Карма јога се практикува со несебично служење. Нејзината главна цел е доброволна работа и помагање на другите без притоа да се очекува било каква награда. Практикантите на Карма јога прифаќаат сe како што е, како нешто најдобро.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4873 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус