Пилатес и јога

Видови јога 2 дел

24 август, 10:20

За сите вас кои не се пронајдовте себеси во видовите јога за кои претходно зборувавме,  во продолжение се останатите видови на јога, па можеби ќе се пронајдете во некои од нив.

 

 

 

 

Бикрам јога уште позната и како „жешка јога” е вид на јога која се изведува во загреани простории на 30 до 40 степени Целзиусови. Со интензивно вежбање на овие температури, се добива и сауна ефект кој допринесува за одржување на линијата на телото.

Винјаса јога која е основана од познатиот јога тренер Бикрам Чудури, кој што е син на уште попознатиот Кришнамачари, е вид на јога во која посебно внимание се посветува на природното и складно поврзување на положбите при изведба на јога вежбите.

Тантра јога е вид на јога која настанала како склоп на повеќе видови јога кои на западот се поврзуваат со сексуални ритуали. 
Во нив спаѓаат: мантра јога (во која се користат звуци поради прочистување на умот), кундалини јога (техника при која се отвораат енергетските центри - чакри), крија јога (во која се практикуваат техники на пранајама – јога дишење за соединување со божественото во нас), нада јога (во која се постигнува единство со помош на звуци), јантра јога (во која се вежба концентрирање на мистичните дијаграми – познати уште и како мадале).

Аштанга јога е вид на јога за која треба телото да е многу добро извежбано, за практикантот да може многу добро и брзо да преминува од една во друга положба. Овој вид на јога секогаш започнува со изведба на „Поздрав на сонцето”. 

Бакти јога е јога на посветеност кон Бог и препознавање на божественото во сé. Посветеноста во овој вид на јога се изразува со пеење на мантри и духовни песни, а следбениците на бакти јогата настојуваат што повеќе да се потпрат на нивните чувства, на нивните срца, а помалку на нивниот ум. 
 
Добро е што има повеќе видови на јога, за секој човек да може да се најди во некоја, бидејќи сите сме различни.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2921 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус