Животен стил, Пилатес и јога

Пилатес вежби кои може да ги правите дома

24 јануари, 00:04

Овие едноставни вежби ќе ви ја подобрат циркулација и ќе ви помогнат да го зацврстите телото. Бројот на повторување на вежбите прилагодете го според вашето тело.

 

 

 

 

  • Истегнување на вратот

Седнете на стол, раширете ги нозете во ширина на колковите, со десната рака држете се за столот, а главата навалете ја на лево, обидувајќи се да го допрете увото до рамото. Останете во положбата неколку секунди, потоа повторете ја вежбата на десно. Повторете неколку пати на двете страни, сè додека ви е удобно. Вежбата е наменета за загревање и секогаш ја правите пред другите вежби.

  • Свиткување

Легнете на под со раширени нозе во ширина на колковите, а стапалата подигнати нагоре. Подигнете ги рацете над главата во ширина на рамената. Брадата доближете ја кон градите, свиткајте го телото нанапред за да дојдете во седечка положба, а рацете да ви бидат паралелни со нозете. Главата е свиткана меѓу рацете, брадата е кон градите, грбот исто така е свиткан. Полека вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата 10 пати. При подигнувањето вдишувате, при спуштањето издишувате. Вежбата е одлична за истегнување и зацврстување на стомачните мускули.

  • Кругови со нозете

Легнете на грб со испружени нозе, раширени во ширина на колковите. Рацете се покрај телото, со дланките на подот. Подигнете ја дената нога под агол од 45 степени. Убаво испружете ја и правете кружни движења во правец на стрелките на часовникот. Направете 5 круга, па уште 5 во насока спротивна од движењето на стрелките на часовникот. Повторете ја вежбата со левата нога. Вдишете кога ногата ја движите кон главата, издишете кога ја движите кон подот. Вежбата е одлична за зацврстување и тонирање на колковите.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4561 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус