Питулици
11 април, 10:00
Состојки:
2-3 шолји брашно
1 надојден квасец
2 јајца
малку сол
малку ракија (едно кафено лажиче)
Подготовка:
Состојките убаво се мешаат со дрвена лажица, потоа смесата се остава да надојди околу половина час.
Повремено повторно мешаме со лажицата.
Треба да добиете смеса која е течна, но не премногу, всушност смесата е како лепливо тесто.
Кога смесата убаво ќе надојде, со супена лажица формираме питулици и ги пржиме во врело масло.
Одлични се за појадок или вечера, може да ги послужите со павлака и сирење, или благи, со мармалад или шеќер.
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 10601 пати.
Додади коментар