Животен стил, Кујна, Моите рецепти - Здравје на мени

Домашни енергетски плочки со овесни снегулки без шеќер

25 мај, 07:18

Време на приготвување: 10 минути
Време на стврднување: 2 – 3 часа
Потребен материјал:
250 гр. овесни снегулки
100 гр. интегрален сусам
200 гр. семки од тиква и сончоглед непечени
150 гр. суво грозје
2 – 3 кафени лажички мелено ленено семе
150 гр. мед
100 гр. сусамов таан
5 гр. цимет

Сите состојки се ставаат во подлабок сад и од нив со помош на миксер со делот за правење тесто или едноставно со рака се меси и се прави смеса која ќе биде компактна и добро поврзана.

Ако треба се додава уште малку мед, но внимателно бидејќи со самото месење таанот ја испушта својата маснотија и целата маса добива во исто време масна, споива и густа текстура.

Вака добиената смеса се става во поширок стаклен или друг сад во кој ќе може да се натапка и измазни во висина од 6 – 8 мм. Се натапкува така што не треба да има празен простор низ самата смеса.

Се покрива со проѕирна фолија и се остава  2 – 3 часа во фрижидер за одржување за да ја постигне потребната цврстина. Кога ќе биде доволно тврдо се сечат плочки со големина од 7см. х 3 см.

Плочките се трајни подолго време доколку се чуваат во фрижидер.

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 9301 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус