По 100 години пронајден дневник од трагичната експедиција на Антарктик
Дневникот на Џорџ Левик, член на експедицијата на легендарниот капетан Скот, бил пронајден во мразот после цели 100 години.
Иако кориците биле целосно уништени, страниците на ова интересно откритие биле читливи, а реставрацијата помогнала да се врати речиси првобитниот изглед на дневникот.
Џорџ Левик бил познат хирург, фотограф и зоолог кој во далечната 1910 година се придружил на експедицијата на капетанот Скот во трката за освојување на јужниот пол.
Експедицијата завршила трагично, а дел од групата која не продолжила со капетанот Скот успеала да преживее. Левик бил еден од преживеаните, но неговиот дневник бил изгубен во мразот.
По 100 години записите на Левик станаа достапни за јавноста. Иако дневникот не содржи некои големи откритија, самото негово постоење, како и запишаните податоци и дати се од големо значење за она што истражувачите досега го откриле за трагичната експедиција.
По реставрацијата, дневникот е вратен на Антарктикот, во кампот на капетан Скот, каде внимателно се чуваат сите артефакти кои се досега пронајдени, а кои на некој начин се поврзани со капетан Скот и членовите на неговата експедиција.
Денешниот изглед на кампот на Скот
Левик во базниот камп, 1910
Фотографии од експедицијата
Додади коментар