Здравје, Здрави навики

Подгответе кафе од глуварче и цикорија

04 јуни, 08:46

Потребни се еднаква количина корења од глуварче и корења од цикорија. Корењата ставете ги во тава и оставете ги да се печат во рерна која мора да биде претходно загреана на 200 Целзиусови степени. Корењата се печат околу 40 минути, треба да добијат темно кафеава боја.

Откако ќе се изладат се мелат во мелница за кафе.

Ќе добиете навистина вкусно кафе без кофеин. :)

Во 1 литар ладна вода ставете 4-6 големи лажици од мелените корења. Оставете да врие на тивок оган од 25-45 минути.

Така добиеното кафе може да го комбинирате со млеко, мед или засладувачи по ваша желба.

На здравје и за здравје!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3972 пати.

Коментари [2]

Елена

Добро звучи, баш би сакала да пробам каков е вкусот. Дали знаете каде може да се најдат тие корења од цикорија? Можеби продавачите на тревки и чаеви ги имаат? А за глуварче лесно ќе најдеме:)

Мој Портал

Да, сигурно ќе ги најдете на пазар, кај продавачите на чаеви. Можеби нема да имаат во моментот, но може да ги замолите да ви најдат. Обично дома чуваат суви корења и чаеви од разни растенија.

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус