Мој предлог, Каде на одмор...

Подгответе се за Ибица

20 јули, 06:59

Поминете го летото 2013-то најлудо до сега, каде на друго место освен Ибица. Овој шпански остров нуди незаборавен помин на уште едно лето со многу забава и изненадувања. 

Пред да го посетите овој остров мора да ве предупредиме што сè може да посетите. 

Бројни пештерски забави и коктели, крстарења со брод, бесплатен влез во ноќните клубови и разни фестивали.

Забавите на брод се неверојатно искуство. Луксузно опремени, преполни со непознати луѓе од целиот свет и што е најважно далеку од островот. За оние кои сакаат мали забави на луксузни јахти или бродови ова е вистински погодок.

Ibica - zabavi na brod

Ако пак сакате да навлезете во животот на тамошното население тие со широко отворени раце ќе ве дочекаат и ќе ве запознаат со сите тајни на островот. Ќе ве насочат кон посакуваната дестинација и ќе ве упатат кон еден од рестораните со доста вкусни специјалитети.

За оние кои сакаат да направат промена во својот изглед на Ибица можат да ги најдат едни од најдобрите светски стилисти и шминкери доселени на Ибица од светски популарните центри на модата.

Сакате хипи забави од зајдисонце до изгрејсонце? Ибица тоа го нуди. Светски познати диџеи одржуваат настапи на плажите на Ибица, за шемата на настапите и за гостите кои ќе настапат информирајте се преку информативните гласила на овој остров.

Ibica zabavi

За вљубениците во уметноста, постои одлична можност да ги посетат изложбите на фотографии, музички фестивали и слободни настани кои се одржуваат на целиот остров.

А што се однесува до хотелите? Опремени со базени, тераси, спа, со одлична локација и прекрасен поглед ќе ви го одземат здивот. 

Plazi na Ibica

Но, сигурно се прашувате како изгледа една забава во пештерски стил. Стара школа за забави на Ибица, која се применувала пред изградбата на ноќните клубови. Овие забави од оваа година повторно се на репертоарот за ова лето. Се одржуваат на секои шест недели. Важно е само да внимавате на вашиот слух и да уживате во пештерските забави.

Ibica


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2957 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 април

17 април
Во 1972 година е родена Џенифер Гарнер, холивудска актерка која се прослави со улогата на агент на ЦИА во телевизиската серија „Alias”, за што беше наградена со Златен глобус и SAG награда
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус