Здравје, Природни лекови

Полен

12 мај, 07:36

Поленот кој уште се нарекува и цветен прав е богат со хранливи материи, поради што е многу корисен додаток при лекувањето на разни болести. 

Содржи околу 40% протеини, 16 витамини, 28 минерали и цел куп ензими. 
Исто така, во својот состав поленот има супстанции кои го стимулираат производството на хормони, лецитин, масни киселини, нуклеински киселини и антиоксиданси.

Поради својот богат состав, поленот има особена примена во лекувањето на простатата, дури и кај потешките хронични случаи. 
Покрај лекувањето на заболена простата, поленот со голема успешност во лекувањето се покажал и кај следниве здравствени проблеми:

- ја подобрува плодноста;
- го намалува нивото на холестерол во крвта;
- ја подобрува циркулацијата во мозокот, поради што се препорачува за лица кои се изложени на големи     умствени и физички напрегања;
- се користи како природно средство за регенерирање на црниот дроб;
- има голема примена во козметиката.

Консумирањето на полен покрај што помага во подобрувањето на здравјето и решавање на голем број здравствени проблеми, исто така помага и за продолжување на животниот век на луѓето, бидејќи го намалува стареењето.

Доколку се одлучите да почнете да го применувате поленот во вашата исхрана, внимавајте тоа да биде само свеж и термички необработен полен, бидејќи само таквиот полен ги содржи сите хранливи состојки и ензими кои му се потребни на организмот. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 9077 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус