Полнети црни патлиџани

23 август, 00:03

Модриот патлиџан заедно со тиквичките се зеленчуци кои се актуелни во овој период од годината. По пазарите ги има во изобилие и токму поради тоа, нашиот денешен предлог рецепт одлучивме да биде со модри патлиџани.
Набавете си онолку колку што мислите дека ќе ви бидат доволни за целото семејство, подгответе ги и изненадете ги вашите најблиски со нов, вкусен и едноставен рецепт.
Нашиот предлог е да се послужат како предјадење, но слободно можат да се служат и како главен оброк во комбинација со свежа сезонска салата.
Бројот на патлиџани одредете го според членовите на семејството, ако го намалувате или зголемувате, сразмерно намалете ги или зголемете ги и останатите состојки.   
Нашиот предлог е за петочлено семејство.

Потребни состојки:
5 црни патлиџани со средна големина
250 гр. овчо сирење
6 јајца
масло
сол
магданос

Подготовка:
Патлиџаните се мијат, се отстрануваат дршките и се ставаат да се варат во поголем длабок сад со вода додека да омекнат. Потоа се вадат од врелата вода и веднаш се налеваат со ладна вода за да се изладат. Кога патлиџаните сосема ќе бидат ладни се пресекуваат на половина по должина, од средината се вади семето но се внимава добар дел од патлиџанот да остане со кората.
Тава се мачка со масло и во неа се редат патлиџаните еден до друг, така да вдлабнатата страна биде завртена нагоре.
Сирењето се пасира, жолчките се матат со виљушка настрана и магданосот ситно се сечка. Сите состојки се мешаат убаво заедно и филот се посолува.
Белките се матат во друг длабок сад и потоа се мешаат со филот.
Во секоја половника патлиџан се става по 1 лажица масло и се полнат со филот. Се ставаат во рерна и се печат на тивок оган.
Се служат како предјадење.
Пријатен апетит.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7738 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус