„Помпеја”

28 јули, 00:02

Во Германско - Канадскиот историски филм „Помпеја” е прикажана природна катастрофа на уништување на град од вулкан, која е испреплетена и со приказна за недозволена љубов.

Приказната е сместена во 79 година од Новата ера во чиј центар е ставена храброста на Келтскиот војник Мило (го игра Кит Харингтон), кој како мал единствено само тој од неговиот народ го преживеал колежот од немилосрдните римски легионери.
Мило - храбриот војник го однеле во Помпеја, град во близина на Римското царство, како роб во одлична кондиција.
Робот Мило прераснува во суров гладијатор кој покрај многубројните убиства кои ги извршува во арената, има за задача и да ја забавува публиката.
Подоцна се вљубува во прекрасната аристократка Аурелија (ја игра Кери Ен Мос) - ќерка на богат трговец. Иако помеѓу нив постои огромна класна разлика, нивната љубов е силна и голема, па така ниту тешките окови и ланци кои робот ги носи на себе, ниту класната разлика, ниту многубројните крвожедни легионери, ама баш ништо нема да може да застане на патот на нивната среќа.
Но нивната чиста и искрена љубов ја нарушува вулкан, кој буквално брише сѐ пред себе ...

Овој филм е љубовна приказна која е сместена во античко доба, во време кога Римската империја била во полн замав.

Историските факти за вулканот Везув говорат дека катастрофата која се случила со неговата ерупција била од светски размери и токму тие факти биле причина за создавање на еден ваков историски - љубовен филм, зад кој како режисер е потпишан Пол Андерсон.

Одличната костимографија, прекрасната шминка и убавата фотографија заедно со добро и убаво смислената сценографија сигурно придонесле за овој филм да добие свој препознатлив визуелен идентитет.

„Помпеја” е релаксирачки филм кој лесно и без никаков напор може да се гледа и кој може да ги задоволи сите вкусови на филмската публика, како на оние кои се пребирливи, така и на оние кои имаат скромни очекувања.

Статијава нека биде поттик за сите оние кои сѐ уште не го погледнале „Помпеја”, бидејќи сигурна сум дека ќе уживаат во уште едно ново, прекрасно филмско остварување.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2643 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус