Занимливост, Мистерии

Портата на Боговите – мистериозна градба во Перу

27 мај, 00:07

Длабоко во еден планински регион во северен Перу се наоѓа Puerta de Hayu Marca, или Портата на Боговите.

Оваа необична формација е изгравирана на една голема карпа, има облик на порта висока и широка точно 7 метри, а во основата има уште една помала порта со мала кружна вдлабнатина.

Локалното население верува дека портата лежи во Градот на боговите.

Иако не се пронајдени никакви докази дека некогаш на ова место постоел населен град, областа, позната и како Шума на духови или Камена шума, изобилува со формации од камен кои наликуваат на градби, луѓе и предмети.

Портата на Боговите, мистериозна градба во Перу, мистерии, зона на тишината, бермудски триаголник, Инки, маи, древни цивилизации, вонземјани, vonzemjani, drevni civilizacii, misterii, porta na bogovite

Според легендата која со години се пренесувала од колено на колено, Портата на Боговите води токму до нив, Боговите на древното население на Перу. Се верува дека малиот кружен отвор е наменет за златен диск кој некогаш се користел за отворање на портата. Портата на Боговите, мистериозна градба во Перу, мистерии, зона на тишината, бермудски триаголник, Инки, маи, древни цивилизации, вонземјани, vonzemjani, drevni civilizacii, misterii, porta na bogovite

Локалното население сведочи за мистериозни светла и луѓе кои се појавуваат на ова место. Токму како и во Зоната на тишината, и овде се појавуваат високи луѓе со необично светол тен.
Се разбира, тоа се само изјави на сведоци кои не се поткрепени со научни докази.

Она што науката може да го потврди, тоа се записите за Боговите кои се сретнуваат кај сите древни цивилизации на сите континенти.

Древните народи верувале дека нивните Богови дошле од небото, всушност слетале со своите летала, а најчесто се претставени како високи, малку необични луѓе со светла кожа.

Научниците, барем оние кои ја испитуваат можноста за контакт со вонземјани, веруваат дека Боговите на древните цивилизации биле токму вонземјани кои стапиле во контакт со човештвото за да му пренесат знаење и да го поттикнат неговиот напредок. Можеби токму во ова верување лежи објаснувањето зошто древните цивилизации биле толку напредни.

Портата на Боговите не може да се отвори и до денес не е темелно проучена. Сепак, научниците не ја исклучуваат можноста дека оваа порта претставувала портал кој водел до други светови.

Портата на Боговите, мистериозна градба во Перу, мистерии, зона на тишината, бермудски триаголник, Инки, маи, древни цивилизации, вонземјани, vonzemjani, drevni civilizacii, misterii, porta na bogovite

Дури и НАСА се согласува дека порталите повеќе не се само фантазија. Пред неколку години научниците од НАСА открија дека на Земјата постојат повеќе скриени портали. Имено, тоа се места на кои магнетното поле на Земјата се поврзува со магнетното поле на Сонцето, со што се создава еден вид премин меѓу овие две небесни тела. Иако нивното постоење е докажано, овие портали се многу нестабилни, често се отвораат и затвораат и тешко може да се лоцираат.

Каква и да е вистинската приказна која се крие во постоењето на Портата на Боговите, нема сомневање дека била направена со некоја цел. За мистеријата да биде уште поголема, научниците открија дека 5 древни археолошки локации во Јужна Америка формираат крст, а токму во центарот на тој крст лежи Портата на Боговите.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2955 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус