Животен стил, Кујна, Рецепти

Посен ароматичен колач

14 април, 00:39

Рецептот за овој колач е комбинација од еден стар рецепт за фанурија и рецепт за турте.

Комбинацијата на портокал, цимет, ванила и суво грозје му даваат посебен вкус, па во исто време ќе имате нешто вкусно, а сепак посно за последните денови од постот.

Добар апетит!



Состојки:
1 кгр. брашно
2 квасци
1 шолја шеќер
1 до 1 ½ филџанче масло
1 шолја вода (многу топла, речиси зовриена)
½ лажиче сол
прашок за печиво
рендана кора од портокал
ванила
цимет
суво грозје
малку сода бикарбона (на врвот на лажичето)

Подготовка:
Од сите состојки се меси меко тесто (квасците прво да надојдат), се остава да надојди, уште еднаш се премесува и се остава повторно да надојди.
Потоа се става во тава за печење претходно намачкана со малку масло и набрашнета.

Одозгора се прават шари со виљушка, се попрскува со шеќер и се пече на 180 °Ц, околу 20 – 30 минути.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8923 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус