Посетете ја Пониква - нашата воздушна бања

10 декември, 01:33

Долго очекуваниот снег конечно падна насекаде низ нашата земја. 
Него му се израдуваа секако најмладите, но и повозрасните не останаа рамнодушни на снежно белите зимски пејзажи.

Снежните покривки достигнуваат и по неколку десеттина сантиметри на нашите планини, што претставува одлична можност за оние кои се љубители на зимските спортови конечно да можат да уживаат во придобивките од снегот.

Планините веќе се прекриени со снег и изобилуваат со чист воздух, воздух кој му станува верен пријател на секој посетител, но кога станува збор за екстремно чист воздух, воздух кој навлегува длабоко во секоја клетка од човековиот организам и до најмала ситница ја чисти и прочистува, тогаш секако мислиме на Пониква - планина и туристички центар, која токму поради овие квалитети кои ги поседува е прогласена за наша единствена така наречена „воздушна бања”.

Пониква е сместена во срцето на Осоговските Планини, во близина на градот Кочани, на 1.560 метри надморска височина. 
Овој веќе одамна познат туристички центар изобилува со неверојатно густа шума која е главната причина за чистиот воздух. 
Самата надморска височина си го прави своето, па така љубителите на природата ќе можат да уживаат во пејзажите кои тука, на Пониква се неверојатно убави и единствени. 
За сите љубители на природата и за сите оние кои се љубители на прошетките низ недопрена чиста исконска убавина, Пониква е местото кое неминовно треба да се посети.

Покрај чистиот воздух Пониква нуди и ред други можности за уживање и релаксација. Тука се мисли пред сѐ на пешачките патеки, 16 километарските долги патеки за пешачење кои водат до највисокиот врв во овој регион - „Царев врв”, скијачките терени кои во последно време стануваат многу популарни како поради одличните ски патеки и лесно достапните терени, така и поради пристапните цени, потоа рестораните и другите угостителски објекти чии специјалитети ги пленат срцата на сите посетители и ги тераат повторно и повторно да се вратат баш тука, на Пониква.

При посетата на Пониква, како и при пешачењето по оваа од Бога дадена убавина, срнчињата и елените можат да станат ваши верни пријателчиња и придружници на вашите прошетки, можност која само тука може да се доживее.

Има уште многу да се зборува и пишува за Пониква, но со овие неколку податоци и фотографии сакаме само да ја начнеме вашата љубопитност и да ве натераме во овие зимски денови да ја посетите Пониква, а ако пак сте љубители на скијањето, вашата посета секако дека треба да биде сигурна.

Одлуката сепак е ваша, но верувајте ако се одлучите да ја посетите Пониква ќе добиете многу повеќе отколку што можете да замислите во моментов, затоа што на Пониква ќе исчезнат сите ваши грижи и вие едноставно ќе бидете препуштени на природата и благодатите кои таа ги нуди.

Посетете ја Пониква - нашата воздушна бања!

posetete ja ponikva nasata vozdusna banja, Ponikva, посетете ја Пониква нашата воздушна бања, Пониква

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5496 пати.

Коментари [0]

Додади коментар

Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 април

14 април

На денешен ден се навршуваат 17 години од смртта на Видое Подгорец, еден од најплодните македонски писатели, поет, романсиер, патописец и раскажувач.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус