Животен стил, Кујна, Рецепти

Посна тава со тиквички

12 октомври, 05:42

Овој посен специјалитет е многу едноставен, лесно се подготвува, а вкусот е мммм....

Состојки:
2 тиквички
1 поголема главица кромид
магдонос
1 домат
 



Подготовка:
Излупените тиквички сечете ги на кругови. Исечкајте го кромидот и додадете му магдонос. Во тава за печење ставете ред тиквички. Посолете, ставете црн бибер и мешан сув зеленчук. Над редот тиквички додадете од кромидот и магдоносот. По желба може да додадете и сечкан лук.

Ставете нов ред тиквички, малку посолете, повторно ставете кромид. Кога ќе завршите со овие состојки, одозгора ставете кругови од домат. Додадете малку масло и малку вода (тиквичките ќе пуштат доста вода при печењето).

Тавата ставете ја во загреана рерна и оставете тиквичките убаво да омекнат, а доматот да се потпече.

Може да направите и мусака од тиквички, постапката е иста само што ќе додадете и запржено мелено месо, но не ви е потребно месо бидејќи и посната варијанта е неверојатно вкусна!

Уживајте во посната тава од тиквички!


Не пропуштајте да ги пробате неверојатните ќофтенца од тиквички и крем чорбата!


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 9633 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус