Потпечени компири со домашни колбаси
19 ноември, 02:02
Одлична идеја за брза подготовка на ручек.
Состојки:
- 1 кг компири
- 300 гр домашни чадени колбаси
- масло
- сол
- зачин
Подготовка:
Излупените компири се сечкаат на долги дебели стапчиња и се ставаат во тепсија (24 цм обем). Потоа се додава сол и зачини по желба.
Јас најчесто користам Дафинка. Се додава 250 мл вода и 20 мл маслиново масло.
Добро промешајте.
Над компирите распоредете ги подеднакво исечканите колбаси со дебелина од 2цм.
Се пече на 180 C, додека да зарумени.
Совет: Секогаш користете чадени домашни колбаси, бидејки со употребата на вакумирани колбаси нема да го постигнете истиот вкус.
Пријатен апетит!
извор: Мој Портал
автор: Stojkoska Monika
Оваа вест е прочитана 1762 пати.
Додади коментар