Животен стил, Живеј квалитетно
Потполно здрава диета против целулитот
Најдобриот начин да ги намалите вашите килограми и да го отстраните целулитот е конзумирањето здрава храна богата со витамини и во правилно количество. Со оваа диета која трае само седум дена секој ден ќе внесувате по 1000 калории, а резултатите ќе ги забележите веднаш. Колку и да слабеете, целулитот нема да се намали доколку не ја регулирате храната која ја внесувате во организмот.
Три главни состојки кои мора да се дел од вашата диета против целулитот се: сулфур, калиум и витамин Ц. Сулфурот ги отстранува штетните материи кои навлегле во организмот преку несоодветната исхрана, а го има во: месото, јајцата, млекото, сирењето и рибата. Калиумот е одличен отстранувач на вишокот течности во организмот, а се наоѓа во: млекото, овошјето, овесните снегулки, доматите, компирите. Додека витаминот Ц го зголемува производството на колаген и спречува таложење на масти во клетките на ткивото. Овие три состојки заедно се содржат во следната храна: магдонос, кромид, лук, рен, зелје, свежо и сушено овошје.
За да ги постигнете посакуваните резултати од диетата мора да ги почитувате следните правила:
- храната мора да ја мерите количински
- исхраната мора да се менува
- приготвувањето мора да биде според инструкциите и не смеете да конзумирате пржена храна
- треба да се ограничи количината на сол која ја користите
- мора да пиете најмалку 2 л. вода на ден
- мора да јадете во точно време
- не смеете да земате лекови, алкохол, конзервирана храна и храна потопена во масло.
1 ден
Појадок: 150 мл млеко или обезмастен јогурт, лажица мед, 1 лажица овесна каша и круша сечена на парченца
Ужинка: 40 гр суво овошје по ваш избор (јаболка, кајсии, сливи, круши)
Ручек: 100 гр пилешко месо, 40 гр ориз (оризот се вари), кромид, лук и магдонос. Доколку се чувствувате гладни може да јадете и супа. Супата се прави со зеленчук, 2 лажици павлака со ниска масленост или нискокалоричен јогурт, 1 лажица маслиново масло, сол и бибер.
Ужинка: 1 портокал
Вечера: салата со јајца и шунка (60 гр зелена салата, 1 тврдо варено јајце, 50 гр шунка, 4 лажици сок од портокал, рендан рен, сол и бибер) и кришка интегрален леб (50 гр)
2 ден
Појадок: направете каша од 150 мл полномасно млеко и 125 гр банана
Ужинка: 40 гр суво овошје по ваша желба (јаболка, кајсии, сливи, круши)
Ручек: тестенини со сос од печурки (40 гр тестенини, 200 гр печурки, 1 парче сечкан лук, 2 лажици кисела павлака или јогурт, сол и бибер, 20 гр мелени ореви)
Ужинка: интегрално пециво со 30 гр обезмастено сирење
Вечера: салата со манго, која се зачинува со три лажици сок од портокал, 1 лажица оцет, сол и феферонче. Исто за вечера имате и 1 парче интегрален леб обложен со свежо сирење
3 ден
Појадок: 250 гр малини, 150 мл обезмастено млеко, 1 лажица овес, 1 лажица мед
Ужинка: 40 гр суво овошје по ваша желба (јаболка, кајсии, сливи, круши)
Ручек: супа од зеленчук (сецкан кромид и лук, ½ супа од зеленчук, 200 гр тиквички, 1 црвена пиперка исечкана на коцки, 50 гр шунка, 50 гр грав (fižola), сол, бибер, маслиново масло, оцет, сос од соја)
Ужинка: 1 јаболко
Вечера: салата со пилешко месо и тиквички (60 гр зелена салата, 200 гр тиквички, 3 лажици сок од портокал, 1 лажица оцет, сол, бибер, 3 лажици павлака или јогурт) и 40 гр парче интегрален леб
4 ден
Појадок: се мешаат 150 мл полномасно млеко и 100 гр банани
Ужинка: 40 гр суво овошје по ваша желба (јаболка, кајсии, сливи, круши)
Ручек: камбала со ориз (40 гр ориз, 2 филети, 1 лажица сок од лимон, сол, бибер, 1 лажица рендан рен, 1 лажица копар, 200 мл супа од зеленчук, 2 лажици кисела павлака или јогурт, 1 домат)
Ужинка: 1 интегрално пециво со само 20 гр шунка
Вечера: салата со печурки (70 гр зелена салата, 100 гр боранија, 150 гр шампињони, 3 лажици сок од портокал, 1 лажица сок од лимон, 1 лажица маслиново масло, ½ парче лук, сол и бибер) и 1 интегрално пециво
5 ден
Појадок: 1 јаболко на парчиња, 1 лажица сок од лимон, 1 ниско-мастен јогур, 1 лажица овесна каша, 1 лажица мед
Ужинка: 40 гр суво овошје по ваша желба (јаболка, кајсии, сливи, круши)
Ручек: свински бивтек да се приготви со: 1 краставица исечкана на парчиња, половина пиперка, 2 лажици сок од портокал, 1 лажица оцет, ½ лажица масло, сол, бибер, 1 лажичка рен во прав, ½ парче лук, 2 лажици сос од соја; и 50 гр парче интегрален леб
Ужинка: ½ ананас
Вечера: салата со моркови и зелје (150 гр зелена салата, 200 гр моркови, 100 гр варено зелје, 2 лажици кисела павлака или јогурт, 1 лажица сок од портокал, 1 лажица сенф, сол и бибер) и 40 гр парче интегрален леб
6 ден
Појадок: 1 киви, 1 јогурт, 1 супена лажица овесна каша
Ужинка: 40 гр суво овошје по ваша желба (јаболка, кајсии, сливи, круши)
Ручек: омлет со спанаќ (2 жолчки од јајце се мешаат со сол и бибер за да се добие пенаста смеса, се додава 100 гр варен спанаќ, сечкан кромид, ½ парче лук и 1 лажица маслиново масло) и 40 гр парче интегрален леб
Ужинка: 50 гр интегрално пециво со две парчиња сушено телешко месо (може да додадете листови од зелена салата и малку сок од лимон за попрскување)
Вечера: зачинета салата од портокал (400 гр лисја од целер, 1 портокал, 2 лажици кисела павлака или јогурт, 1 лажица сок од портокал, сол и бибер), парче интегрален леб и 30 гр обезмастено сирење
7 ден
Појадок: 150 мл мелко или јогурт со ниска масленост, 1 лажица мед, 1 лажица овесна каша, 150 гр банана на парчиња
Ужинка: 40 гр суво овошје по ваша желба (јаболка, кајсии, сливи, круши)
Ручек: телешко филе со зеленчук (100 гр телешко месо, 150 гр компири, 150 гр праз, 300 гр целер, 300 мл супа од зеленчук, сол, бибер, 1 лажица павлака или јогурт, 2 лажички сечкан лук)
Ужинка: 2 мандарини
Вечера: салата со грав и пиперки (100 гр зелена салата, 200 гр пиперки, 100 гр грав, 1 лажица оцет, 2 лажици сок од портокал, ½ лажица сенф, лажица сечкан магдонос, сол и бибер) и 50 гр парче интегрален леб.
Диетата е преземена од: http://www.smsdieta.si/dieta/dieta-proti-celulitu/.
Додади коментар