Поучни приказни

Бидете човек и сакајте ги другите луѓе

07 април, 00:05

Жена припадничка на белата раса, на возраст од околу 50 години, влегла во авион и дознала дека треба да седи покрај некој црнец.
Видно вознемирена ја викнала стјуардесата.

„Во што е проблемот госпоѓо?” - прашала стјуардесата.

„Зарем не гледате?” - рекла жената. „Ме сместивте да седам покрај црнец!!! Незамисливо ми е да седам покрај еден од тие ... тие одвратни луѓе. Ве молам да ми најдете друго место!!!”

„Мислам дека сите места се зафатени. Но сепак ќе проверам дали има некое слободно.” - одговорила стјуардесата.

Стјуардесата заминала и се вратила после неколку минути.

„Госпоѓо, во економската класа нема слободно место. Имаме само уште едно слободно во првата класа” - ѝ се обратила на жената.

Пред госпоѓата да каже збор, стјуардесата продолжила:
- „Во нашата авиокомпанија скоро невозможно е патник од економската класа да може да се премести во прва класа. Но исто така нема да биде во ред ако со сила некој го тераме да седи покрај личност која е под сите стандарди.”

Потоа стјуардесата се свртела кон нејзиниот сопатник и му рекла:

„Значи господине, ако сакате земете го вашиот рачен багаж и преместете се во првата класа.”

Патниците кои го слушале разговорот почнале да ракоплескаат.


Не судете им на другите, не се правете многу важни, едноставно бидете тоа што сте - луѓе и сакајте ги другите луѓе.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2499 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус