Поучни приказни

Бодликаво прасе

20 мај, 12:39

Кога му е ладно на бодликавото прасе бара друго бодликаво прасе за да лежат заедно и да се стоплат.
Кога не би имале боцки по телата, нивното затоплување би било лесно и едноставно, но бодликавите прасиња имаат долги и остри боцки, па затоа кога ќе легнат едно до друго, тие цело време си ги боцкаат нивните тела, што секако дека не е добро и не е во ред. Но од друга страна исто така не е добро и кога им е ладно. 

Затоа бодликавите прасиња многу долго време се мачат сѐ додека не најдат некое одмерено и правилно растојание и удобно место во кое ќе бидат блиску едно до друго, а при тоа да не се боцкаат со боцките. 

Тоа растојание го претставува убавото однесување.


Непишаните правила на убавото однесување се: јас да не те повредувам тебе, ти да не ме повредуваш мене, да си помагаме едни на други, за да и мене и тебе ни биде добро, убаво и удобно.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5634 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус