Поучни приказни

Држи ме за рака...

25 април, 07:49

Мало девојче и нејзиниот татко преминувале преку еден мост. Таткото, плашејќи се дека може нешто лошо да се случи ѝ рекол на својата ќерка да го држи за рака за да не падне во водата. 

Девојчето му одговорило: „Не тато, ти држиме за рака!“. 

Таткото збунето ја прашал: „Во што е разликата?“. 

Девјчето одговорило: „Има голема разлика. Ако јас те држам за рака и нешто ми се случи јас можам да те пуштам, но, ако ти ме држиш за рака, сигурна сум дека што и да се случи, ти нема да ме пуштиш!“.

Запомни: Довербата и почитта не можат да се научат, да се купат или да се изнудат, тие само можат да се заслужат!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2432 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус