Поучни приказни

Два бисера

17 јули, 00:15

Познат духовен учител седел на брегот покрај река и медитирал.

Во еден момент до него дошол некој од неговите многубројни ученици и сосема тивко, скоро бесшумно покрај нозете на учителот спуштил два големи прекрасни бисери кои ги оставал во знак на воодушевување и длабоко почитување кон учителот и неговата мудрост.

Учителот на момент ги отворил очите, зел еден од бисерите и сосема лабаво без да го притиска, нежно го држел со прстите во раката, по што бисерот се лизнал и паднал во реката.

Ученикот вознемирен од тоа што се случило веднаш скокнал во реката за да го побара бисерот, но и покрај долгото барање не успеал да го пронајди. На крајот, од потрагата бил сосема изморен и без сила, па така очаен го прекинал учителот во медитацијата и му рекол:

- Учителе, вие видовте каде падна бисерот, па затоа ќе ве замолам да ми кажете точно на кое место падна, за да влезам во реката и повторно да го побарам.
Учителот го зел другиот бисер, го фрлил во реката и рекол:

- Токму овде падна, побарај тука!


Поуката која треба секој од нас да ја извлече од приказната е следна: не треба да се трудиме да се приврзуваме за работите кои не опкружуваат, бидејќи никогаш вистински и не можеме да ги поседуваме. 
Исто така треба да се трудиме и ние да не бидеме робови на предметите, бидејќи само така ќе успееме вистински да бидеме живи и свесни за самите себе и за сѐ што не опкружува.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2392 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус