Поучни приказни

Двајца ѕидари

04 мај, 06:19

 

 

 

 

 

 

Двајца ѕидари разговарале за својата работа. Ова се нивните размислувања.

Првиот ѕидар: „По цел ден само редам тули една над друга. Доаѓам рано наутро на работа и редам тули сé до ручек. После ручекот повторно редам тули до крајот на работното време. Единствено задоволство во мојата работа е кога ќе дојде петок попладне, бидејќи тогаш добивам плата за изминатата недела”.

Вториот ѕидар: „Јас градам куќи. Секој ден додека работам, цело време мислам на луѓето кои во нив ќе живеат. Размислувам колку ќе бидат радосни кога за прв пат ќе го здогледаат својот нов дом. Размислувам за децата кои во нив ќе растат. Размислувам на луѓето кои ќе ги уредуваат и кои ќе ги викаат „свој дом”. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2096 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

7 Декември

7 Декември
Во 1914 година во Европа, започнала Првата светска војна, позната во историјата уште и како Големата војна и Војната на нациите. Во бојните полиња кои ги имало насекаде низ Европа, биле мобилизирани н
© 2021 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус