Поучни приказни

Игра на зборови

04 декември, 00:09

Еден ден еден слеп човек седел на скалите пред некоја зграда. Неговиот шешир бил на земја и до него на еден камен било потпрено едно парче картон на кое пишувало:

„Слеп сум, ве молам помогнете ми”.

Еден случаен минувач, кој по играта на случајноста бил експерт за реклами поминал покрај слепиот старец, застанал покрај него и погледнал колку парички имало во неговиот шешир. На негово големо разочарување забележал дека имало само неколку монети. Се наведнал да стави парички во шеширот и без да побара дозвола од слепиот старец го зел парчето картон, го свртил на другата страна и напишал нешто.

Во текот на попладнето случајниот експерт за реклами намерно повторно поминал покрај старецот и овој пат на негова голема радост забележал дека шеширот на слепиот старец бил полн и со монети и со книжни пари.
Слепиот старец го препознал човекот по неговиот чекор и мирис и го прашал што е тоа што тој го напишал на картонот што него му донесло толку многу пари, кои се тие зборови кои успеале да допрат до срцата на сите минувачи и ги натерале да му остават парички во неговиот шешир?
Случајниот минувач се насмевнал и му одговорил:

„Не напишав никаква лага, само ја напишав твојата порака на малку поинаков начин” - го рекол тоа човекот и си заминал, а слепиот старец не дознал дека на неговото парче картон пишувало:

„Денес дојде пролетта ... а јас не можам да ја видам”.


Кога сѐ околу вас не се случува како што треба, кога сѐ ќе тргне наопаку, променете ја стратегијата на размислување и делување и ќе забележите дека порано или покасно сѐ ќе почне да се менува на подобро. Пробајте и уверете се.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2612 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус