Поучни приказни

Исполнет и убав живот

28 јуни, 18:03

Една луксузна јахта застанала во пристаништето на едно мало рибарско село. Сопственикот на јахтата бил воодушевен од видовите и квалитетот на рибите кои ги имало во селото и ги прашал рибарите колку време им е потребно за да уловат толку квалитетни риби.

- „Не ни е потребно многу време” - одговориле рибарите.

- „А зошто не останувате подолго време на море за да уловите повеќе риби?” - ги прашал човекот.

Рибарите му одговориле дека рибите кои ги ловат им се доволни за нив и за нивните семејства.

- „Добро, но што правите со слободното време кое го имате на располагање?” - прашал човекот.

- „Спиеме, ловиме по малку риби, играме со своите деца, а попладневниот одмор го поминуваме со нашите жени. Навечер одиме во селото, се среќаваме со нашите пријатели, понекогаш пиеме пијалак и пееме песни. Нашиот живот е исполнет” - му одговориле рибарите.

Човекот се подзамислил малку и им предложил на рибарите да го послушаат неговиот совет со кој ќе можат да си го подобрат животот.

- „Ако имате поголем брод ќе уловите повеќе риби, со парите кои ќе ги заработите ќе можете да си купите уште еден брод, па уште еден, ќе можете да купите цела флота. Наместо да ја продавате рибата на посредници, ќе можете директно да преговарате со големи компании, можете и вие да станете едни од нив. Потоа можете да се преселите од ова мало село во некој поголем град, во некоја метропола и во него ќе можете да го водите целиот ваш нов бизнис.”

Рибарите го прашале сопственикот колку време би им било потребно за да го направат тоа што тој им го предлага.

- „Од дваесет до дваесет и пет години” - им одговорил човекот.

Рибарите повторно го прашале што ќе прават после тоа.

- „Потоа? Е сега доаѓа она што е најинтересно” - им  рекол човекот. 
„Кога ќе се разработи вашиот бизнис, можете да почнете да купувате и да продавате акции на берзата и да заработите милиони.”

- „Милиони? Навистина? А потоа?” - прашале рибарите.

- „Потоа можете да отидете во пензија, да живеете во некое мало село покрај плажа, долго да спиете, да одите на риболов, да си играте со вашите внуци, да го поминувате вашето слободно време со вашите жени, а навечер да пеете песни со вашите пријатели.”

Рибарите кога слушнале што им предложил човекот, на крајот од разговорот му рекле:

- „Секоја чест господине, но ние токму тоа и го правиме сега во моментов. Зошто е потребно залудно да потрошиме дваесет и пет години, кога веќе сето тоа сега го имаме?”


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2702 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус