Поучни приказни

Како се однесуваме со нашите најблиски?

04 јули, 07:27

 

 

 

 

 

 

Додека поминував по патот се судрив во непознат странец, кој исто така поминуваше по истиот пат.

„Ве молам да ме извините” - му се обратив.

„Ве молам вие да ми простите бидејќи не ве видов” - рече непознатиот човек.

Двајцата бевме културни, си се извинивме едем на друг, се поздравивме и секој си замина по својот пат.

Но дома приказната за тоа како се однесуваме кон нашите најблиски е сосема друга.

Покасно истиот ден додека спремав вечера, мојот син стоеше зад мене сосема тивко. Кога се завртив за малку што не се судрив со него.

„Тргни ми се од патот” - му се развикав.

Тој без да каже и збор замина, а неговото мало срценце се скрши.
Во тој момент не бев свесна колку силно му викнав.

Додека разбудена лежев на креветот еден нежен и тивок глас ми проговори:

„Со непознатиот човек беше учтива и љубезна а подоцна го повреди твоето семејство. Оди во кујната и на подот ќе најдеш букет од цвеќиња. Нив, твојот син ги донесе за тебе. Сите сам ги собра и розови и бели и жолти. Стоеше зад тебе и беше многу тивок за да на го расипи изненадувањето кое ти го имаше спремено. Зарем не ги виде солзите во неговите мали очиња?”

Во тој момент се почувствував толку мала и имав голема грижа на совеста поради мојата постапка, солзи се тркалаа по моето лице.
Сосема тивко отидов во неговата соба и клекнав пред неговиот кревет.

„Разбуди се малечок, те молам разбуди се” - реков тивко. „За мене ли ги собра овие преубави цвеќиња?”

Тивко се насмевна и ми рече: „Ги најдов надвор под дрвото. Ги собрав бидејќи се убави како што си ти. Знаев дека ќе ти се допаднат, особено розовите.”

„Многу ми е жал поради моето денешно однесување, не требаше да викам по тебе” - му реков.

„Ох моја мамо, не се секирај, во ред е. Без разлика на сѐ јас те сакам најмногу на светот” - ми рече со неговиот нежен глас.

„Синче мое најмило и јас те сакам најмногу од сѐ на светот и ги сакам и цвеќињата, а најмногу розовите.”


Размислете каков однос имате вие со вашите најблиски, размислете за своите досегашни постапки, ако сте се нашле во некоја слична ваква ситуација, од приказната извлечете поука и поправете го вашето однесување во иднина.

Немојте безпотребно да ги повредувате вашите најблиски, тие се сѐ што вие имате, па затоа борете се за нивната љубов и посветувајте им го целото ваше слободно време и внимание.

Семејството е нашето богатство, треба да се бориме за да го сочуваме.    


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2723 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус