Поучни приказни
Кои се најважните луѓе?
Еден свештеник, адвокат и едно мало момче патувале со авион. Одеднаш моторите откажале, па пилотот грабнал еден падобран, им рекол на патниците да го направат истото и скокнал од авионот.
Но, останале само уште два падобрани за тројцата патници.
Адвокатот веднаш зел еден падобран и им рекол на другите:„Јас сум адвокат, ние сме најпаметните луѓе на светот, затоа заслужувам да живеам”. Со тие зборови адвокатот скокнал од авионот.
Свештеникот го погледнал момчето и му рекол: „Јас проживеав добар живот, ти си млад и животот е пред тебе, ти зами го падобранот”.
На тоа момчето одговорило: „Не грижете се, и двајцата ќе живееме, адвокатот тукушто скокна со мојот патнички ранец!”
Професијата не е она што ја дефинира важноста на една личност, туку човечноста и добрината!
Додади коментар