Поучни приказни

Кругот на среќата

07 февруари, 10:29

Еден ден, некој затропал на вратата на еден манастир. Монахот кој имал задача да ги пречекува посетителите ја отворил вратата и се изненадил кога еден човек му подарил прекрасен грозд.  

„Благодарам” – рекол монахот. „Ќе му го однесам овој грозд на игуменот”.
„Брате, овој грозд е за тебе. Пред многу години, кога прв пат затропав на оваа врата, ти ми даде парче леб и вода. Ова е мојата благодарност до тебе” – рекол човекот.

Монахот цело утро му се восхитувал на гроздот и одлучил да му го подари на игуменот, кој секогаш го охрабрувал и го учел на мудрост.

Игуменот се сетил на болниот монах во манастирот, помислил дека гроздот барем малку ќе го расположи, па му го подарил.

Болниот се израдувал, потоа помислил на готвачот кој постојано му подготвувал храна за да оздрави, па гроздот му го подарил токму нему.

Воодушевен од убавината на гроздот, готвачот го подарил на клисарот кој во манастирот го сметале за свет човек. „Клисарот ќе знае да ја цени убавината на оваа креација на природата” – помислил готвачот.

Клисарот се сетил на најмладиот монах и помислил дека токму тој треба да го добие гроздот, за да научи дека Бог е дури и во најмалите нешта кои ги создава.

Младиот монах се сетил на првиот ден во манастирот и добриот монах кој му ја отворил вратата и топло го пречекал, па побрзал да му го подари гроздот.

Подарокот повторно се вратил кај оној за кого бил наменет, а кругот на среќата се затворил.

Еден обичен грозд израдувал многумина, бидејќи среќата секогаш ги осветлува дарежливите луѓе.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3608 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус