Поучни приказни

Куќата со златни прозорци

22 јули, 07:03

Едно мало девојче живеело во сосема мала, скромна куќа високо на еден рид, си играло во малата градина и растело опкружено со љубовта на родителите.

Кога малку потпораснало и можело да гледа преку оградата, со часови стоело во градината гледајќи ја големата куќа на соседниот рид. Девојчето им се воодушевувало на златните прозорци на големата куќа и посакувало да живее таму, во тој прекрасен дом со златни прозорци.

Кога пораснало за да може само да излезе на прошетка, се упатило кон големата куќа неможејќи да дочека да ја види нејзината убавина и раскош одблизу.

Кога се приближило до куќата, разочарувањето било огромно. Куќата била запуштена, а прозорците многу валкани. Немало ама баш ништо убаво кај таа напуштена и осамена куќа, никаква радост, ниеден знак на живот.

Тогаш, сосема случајно, девојчето погледнало на спротивниот рид. Осветлена од сонцето, на ридот гордо стоела нејзината мала, сиромашна куќичка со златни прозорци!

Она за што девојчето копнеело и сонувало, цело време било пред неа. Иако далеку од дома, девојчето можело да ја почувствува топлината на својот дом, радоста и среќата кои доаѓале од нејзината златна куќичка.

Љубовта, топлината на домот создадена од семејството и звуците на смеа и радост се оние кои прозорците ги обојуваат со златна боја. Ништо повеќе и ништо помалку од тоа.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5402 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус