Поучни приказни

Лоши навики

05 ноември, 00:01

Некој богаташ еден ден отишол кај некој познат мудрец за да го замоли да поработи малку со неговиот син, кој бил склон кон правење на лоши нешта бидејќи имал стекнато многу лоши навики.
Мудрецот се согласил и уште на првата средба го однел момчето на прошетка низ некоја голема ливада која била во нивна непосредна близина. Како што се шетале мудрецот одненадеж застанал и му рекол на момчето да откорне некоја мала тревка од ливадата.
Младото момче со прстите без никаков проблем ја извлеклo тревката од земјата заедно со нејзиниот корен.

После извесно време откако ја продолжиле прошетката мудрецот побарал од момчето да откорне некоја поголема тревка, која тоа повторно без никаков проблем повторно ја извадилo од земјата со корен.

„Ајде сега пробај да ја откорнеш оваа грмушка” - му рекол мудрецот на момчето. Кога ја видело грмушката, момчето малку се изненадило бидејќи не било сигурно дали ќе може и неа да ја искорне како и останатите тревки, но со малку повеќе напор и пот некако успеало да ја откорни и неа повторно со корен.

На крајот мудрецот го однел момчето до некое дрво и му ја задал последната задача, а таа била да проба да го искорне и дрвото со корен.
Младичот не сакал да се откаже од последната задача, па така неколку пати се обидувал да го откорне дрвото.
На крајот кога видел дека е невозможно тоа да го направи, целиот облеан во пот и изморен се откажал и му рекол на мудрецот: „Тоа е невозможно”.

„Епа синко мој така е и со лошите навики” - му рекол мудрецот.
„Кога си млад лесно е да се ослободиш од нив, но кога ќе остариш и кога лошите навики ќе пуштат корени, тогаш ништо не може сосема да ги отстрани”.


Не чекајте лошите навики да пуштат длабоки корени во вашите души, ослободете се од нив додека сѐ уште имате контрола над нив, бидејќи во спротивно тие ќе ја преземат контролата над вас.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2251 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус