Поучни приказни

Мудрост која може да ни го промени животот

07 август, 10:06

Царот разбрал дека во неговото царство живее некој мудрец, па го повикал кај себе.

Кога го видел му рекол: „Ти ли си мудрецот? Изгледаш како свиња од најбедната кочина!”

На тоа мудрецот мирно одговорил: „А јас тебе те гледам обвиткан во бела, боженствена светлина.”

Кога царот го запрашал зошто на неговите навреди му возвратил со убави зборови, мудрецот одговорил: „Бидејќи во другиот секогаш се гледаме себеси.”


Пораката на оваа едноставна, но моќна приказна е јасна.

Нам ни останува да се запрашаме како гледаме на другите. Можеби токму овие едноставни зборови ќе променат нешто во нашето однесување и нашето мислење за луѓето околу нас.

Секој човек има нешто убаво и позитивно во себе, наше е да се потрудиме тоа да го пронајдеме.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5783 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус